Здрави мафини со маслинки

Споделете со пријателите

Овие мафини многу се лесни и брзи за подготовка, а одлични се за појадок, ручек или ужинка. Може да ги земете со вас на работа или било каде и да одите.

Рецептот е од Елена 😊

Состојките се изразени на чаша за чај со средна големина (битно е да мерите со истата чаша).

Состојки:

  • 1 чаша интегрално брашно
  • 1/2 чаша гриз
  • 1/2 чаша овесно брашно
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша вода
  • 1 јајце
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка пециво
  • 7 маслинки (само извадете ги коските)
  • куркума, сол, бибер

Начин на подготовка:

Најпрво измешајте ги сите суви состојки. Потоа додадете го јајцето, јогуртот и водата. Внимавајте на густината, тестото треба да биде иста густина како за обични мафини. Насечкајте ги маслинките и ставете ги одозгора, декорирајте со неколку овесни снегулки и магдонос 🌱 Уживајте во прекрасниот и здрав оброк.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *