Интегрален ориз со мелено телешко месо и зеленчук

Споделете со пријателите

Комбинацијата мелено месо и ориз воопшто не ми е омилена, а тоа значи дека ама не сакам сарми, полнети пиперки и слично, но овој рецепт е нешто поинаку, некако вкусовите баш се надополнуваат.
Инаку оризот може да се замени и со било која друга варена житарка, пример киноа, просо, хењда, зрна пченица, овес или јачмен, па дури и со зрна наут.

Потребни состојки:

  • 300 g мелено телешко месо
  • 1 чаша (со среда големина) интегрален ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • ½ модар домат
  • ½ тиквичка
  • 1-2 лажици маслиново масло
  • сол/бибер/куркума и малку оригано
  • 1 лажица сенф
  • свежа рукола за декорација и малку семки од сончоглед и тиква .

Начин на подготовка:

Интегралниот ориз сварете го во вода. За разлика од белиот му треба малку повеќе време за варење. Додадете во тенџерето повеќе вода, па кога ќе омекнат зрната вишокот вода фрлете ја.
Во друг сад/тава што не лепи додадете го зеленчукот насечкан на коцки заедно со маслиновото масло и кратко динстајте. Потоа додадете го месото. Кога зеленчукот ќе омекне, а месото убаво ќе се раздвои, тогаш е готово.

Во меѓувреме оризот веќе ви е сварен, исцедете го убаво од водата и само додадете го во тавата со зеленчук и месо. Убаво соединете, додадете сол, зачини и сенф и уживајте во богатиот гурмански оброк.
Во рижото и вакви слични оброци секогаш додавам лажица сенф, ми дава некоја посебна арома.

Јас декорирав со бејби рукола и семки од сончоглед и тиква.

Ручекот е совршенство, баш супер викенд опција за цело семејство.

И да, не ви кажав погоре од оваа количина на намирници добив 3 порции.

Дo следно готвење 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *