Најчесто кога некој сака да ослабе секогаш она на што прво се пристапува е исфрлање на лебот и тестенините, и тоа е така затоа што со белиот леб и со тестенините навистина знае да се претера. Но, дали тестенините ви се навистина голем непријател и кога тие претставуваат здрава храна?
Одговорот на ова прашање е едноставен – тестенините се здрава храна само тогаш кога се јадат умерено.
Еве некои кратки и едноставни насоки како оброкот со тестенини да биде здрав и да не ви предизвикува грижа на совест:
- Купувајте тестенини направени од интегрални брашна и житарици;
- Не јадете “цело пакетче” тестенини во еден оброк;
- Најоптималната количина на тестенини за да не претерате со порцијата е околу 50-60 g неварени тестенини;
- Кога јадете тестенини гледајте тие да не доминираат во чинијата;
- Комбинирајте ги со многу зеленчук;
- Не додавајте калорични сосови и многу сол;
- Преферирајте да ги јадете во денови кога имате физичка активност.
Јас обожавам тестенини и вакви шарени чинии како денешната на сликата погоре. Тоа што го имав денес за ручек се тестенини со свеж морков, краставица, марула, маслинки, зрна грав и димен лосос.
Дополнително, додадов и малку маслиново масло и хималајска сол.
До следно здраво готвење! 🙂








