Гранола – супер опција за брз, здрав и балансиран појадок

Споделете со пријателите

Гранола можете да си направите за време на викендот и да имате супер здрава опција за појадок цела недела.

Се подготвува многу лесно и брзо, а толку е вкусна што сигурна сум дека ако еднаш направите ќе правите постојано.

Јас си правам често и имам споделувано неколку рецепти. Секогаш додавам различни работи, зависи што имам дома. Кога е гранолата во прашање најбитни е покрај сувите состојки да имате и влажна смеса која ќе може да ја поврзе целата содржина. Јас најчесто како влажна смеса користам путер од јатки, мед и кокосово масло.

Потребни состојки за една голема тегла гранола:

  • 200 g овесни снегулки
  • 50 g мешавина од семиња и семки
  • 200 g мешавина од несолени бадеми и индиски ореви (мелени/кршени)
  • 50 g суво грозје

за поврзување:

Начин на подготовка:

Подготовката е многу едноставна. Мешате се заедно и убаво ја соединувате смесата. Ја ставате во плехче и ја печете во рерна на 150С околу 20-тина минути.

Потоа ја собирате во тегла и појадокот за цела недела е спремен.

Јас денес гранолата ја комбинирав со грчки јогурт и замрзнати малинки.

Совршенство од појадок!

Нашиот Fit Delights путер од кикиритки е направен само од кикиритки, а шумскиот мед е 100% природен од недопрената природа на Малешевски Планини.

Нарачајте си ги овие неодоливо вкусни и здрави производи тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *