Мислам дека нема поубава вечера од ваква шарена и богата салата. Навистина е едноставно затоа што можете да ставите се што имате во фрижидерот од заостанат зеленчук.
Уживам во вакви шаренила, можам да јадам 5 пати на ден.
Состојки:
- ½ тиквичка
- 10-тина шампињонини
- марула
- рукола
- морков
- малку младо кромитче
- суви домати (по желба, јас ги имам од мајка ми во тегла со маслиново, значи ВРВ се, сегде ми одговараат 😊)
- 3-4 маслинки
- малку пармезан
- сол, маслиново масло и сок од лимон.
Подготовка:
Тиквичката и шампињоните кратко ги запеков на грил тава со капка маслиново масло. Зеленчукот и сите други состојки ги измешав во поголема чинија. Одговора ги ставив печени тиквичка и печурки, додадов малку пармезан и зачинив со малку маслиново масло, сол и сок од лимон.
Само 10 минути за неодоливо вкусна и здрава вечера.
До следно готвење 🙂








