Чоколадни коцки

Споделете со пријателите

Не знам веќе какви наслови да им ставам на рецептите искрено 😊 ама па и најмалку битно нели?! Важно е што е вкусно и здраво и што се подготвува лесно.

Овој десерт е баш чоколаден и тоа благодарение на чоколадниот чипс од @moinamirnici. Искрено речиси секогаш кога врз нешто ставам чоколадо одозгора кога ќе ставам во фрижидер потоа при сечење ми пука и се губи формата, но овој чоколаден чипс е баш создаден за ова. Дефинитивно чоколадните коцки излегоа баш такви како што ги замислив. И секако без помош од Ана немаше да биде тоа тоа.

Видеото како ги правиме можете да го видите тука.

Состојки:

  • 150 g овесни снегулки
  • 150 g бадеми
  • 150 g ореви
  • 100 g путер од кикиритки од @fit.delights.mk
  • 100 g мед од @fit.delights.mk
  • 50 ml сок од портокал
  • 50 g чоколаден чипс со 80% какао од @moinamirnici
  • одозгора за глазура ставив: 130 g од чоколадниот чипс и 40 g кокосово масло

Подготовка:

Првин во блендер/процесор ги ставате овесот и јатките и блендирате додека ne добиете убава соединета смеса. Во друг сад го мешате путерот од кикиритки заедно со медот и сокот од портокал. Потоа се заедно соединувате и во таа смеса ставате 50 g чоколаден чипс.

Во тавче со хартија (за после полесно да извадите) убаво ја тапкате смесата и одозгора ја ставате глазурата.

Оставете во фрижидер да се стегне околу 30-тина минути и потоа со ноже насечкајте коцки.  

Јас ги чувам во замрзнувач, демек да имам за повеќе денови ама тешка работа (веќе се преполовени 😊)

Ве предизвикувам да пробате, навистина е прелесно, а добивате вкусен и здрав десерт кој нема да ви предизвикува грижа на совест.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *