Имам неколку рецепти за банана лепче ама мислам дека оваа е вистинската дефинитивно 😊 Конечно научив да го печам перфектно 🙂
Состојки:
- 100 g интегрално брашно од спелт
- 120 g интегрално пченично брашно
- 1 мала лажичка цимет
- 1 мала лажичка прашок за пециво
- 50 g ситно сецкани ореви + 50 g суво грозје
- 80 g кокосов шеќер
- 2 јајца
- 1 поголема зрела банана или 2 помали
- половина грчки јогурт или 80 g
- 3 лажици маслиново масло.
Подготовка:
Првин во поголем сад ги мешате сувите делови (брашната, циметот, пецивото, оревите и сувото грозје). Во блендер ги мешате остатокот од состојките и на крај двете смеси ги соединувате убаво со лажица.
Садот во кој печев јас беше силиконски, но за секој случај го премачкав и со масло. Ако немате силиконски користете хартија за печење.
Е сега многу битен дел е печењето, НАЈБИТЕН! 😊
После многу направени банана лепчиња конечно ова не ми изгоре одозгора, а печев вака: само 10 минути во загреана рерна на 170-180°С. Потоа го извадив и го покрив со хартија за печење затоа што немав фолија и вратив во рерна на 100°С уште 50 минути. Ако ви е послаба рерната може и на 120°С. Кога беше готово одозгора беше доста тврдо, но го замоткав во крпа, а потоа во кесе и го оставив така преку ноќ. Го сечев следното утро и беше СОВРШЕНСТВО 🙂
Ние го јадевме со путер од бадеми од нашиот од FitDelights , со џем од јагоди и со свежи цреши.









