Сирови енергетски коцки со џем од сливи

Споделете со пријателите

Екстремно брз десерт кој се подготвува за 10-15 минути, а може многу да ви се најде за ужинка и тоа подолго време затоа што се чува во замрзнувач.

Потребно е само пред да го правите да ги накиснете во вода урмите, сувите кајсии и сувото грозје.

Состојки:

  • 100 g лешници
  • 100 g непечени индиски ореви
  • 100 g овесни снегулки
  • 100 g урми /100 g суви кајсии/ 50 g суво грозје – киснати во вода минимум 4 часа
  • 2 лажици путер од бадеми од @fit.delights.mk
  • малку ванила
  • 2-3 лажици џем од сливи без шеќер (може и било каков џем)
  • 50-тина g ситно сецкани ореви за одозгора.

Подготовка:

Првин во процесор ставете ги лешниците, индиските ореви и овесните снегулки за убаво да се иситнат, потоа додадете го сувото овошје и путерот од бадеми и мешајте додека смесата не стане густа и леплива.

Кога ќе добиете хомогена смеса, истурете ја во плехче со хартија за печење и убаво натпкајте ја. Одозгора ставете џем и наросете по желба ореви. Ставете во замрзнувач околу 2 часа да се стегне и потоа со нож исечете коцки. Чувајте ги коцките во замрзнувач, пред јадење извадете ги на собна температура само 3-4 минути.

Од оваа количина јас добив околу 16 коцки.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *