Home Рецепти Здрави десерти Полнети бомбици

Полнети бомбици

142
0

Брз здрав рецепт кој можете да го подготвите и додека гостите се на врата! 😊

Потребни состојки:

  • 1 полна чаша овесни снегулки
  • ½  чаша ореви
  • 4 мали лажички микс семиња (измешани сончоглед, ленено семе и сусам)
  • 2 лажици какао
  • 10-тина урми (претходно киснати во вода)
  • 3 лажици стопено кокосово масло
  • малку вода (се додава малку колку смесата да не биде прегуста, помалку од ½ чаша).

Подготовка:

Ставете ги првин во процесорот овесните снегулки, оревите, семињата и какаото, и бледнирајте додека не се соединат. Потоа додадете ги урмите, кокосовото масло и водата и продолжете уште малку да блендирате. Кога смесата ќе се соедини формирајте топчиња. На секое топче на средина со прстот направете му дупче. Ставете во секое дупче џем или пак некој путер од јатки.

Здраво уживање за сите сетила.

Рецептот и сликите се на Елена. 😊

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here