Home Рецепти Здрави десерти Овесни колачиња со банана

Овесни колачиња со банана

325
0

Колачињата не се ништо генијално, но се преедноставни за правење. Можат да бидат супер ужинка или пак дури и појадок. Немаат брашно, млеко, нити јајца.

Од состојките излистани подолу ние добивме 14 колачиња.

Еве што ставивме:

  • 200 g мелени овесни снегулки
  • 1 и пол зрела банана – ако ви се помали бананите може и 2 или само 1 поголема
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 1 или 2 лажици мед – зависи колку благо сакате да биде
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку цимет
  • 50-тина g суво грозје

за одозгора:

  • околу 50 g темно чоколадо
  • кокосови трошки
  • мелени бадеми.

Подготовка:

Подготовката е опишана подолу, а можете да ја видите и на видеото.

Се мешаат сите состојки заедно и од смесата формирате топчиња како бомбици. Ги ставате топчињата на хартија за печење, и со виљушка претходно натопена во вода (за да не се лепи) потиснувате од горе. Ги печевме кратко, околу 12-тина минути, и тоа јас печев на 160°С со вклучен вентилатор. Во однос на печењето ќе морате да ги следите, но тоа е правилото не многу долго и не на многу јако.

За да ги декорираме одозгора, стопив темно чоколадо и врз секое колаче ставивме малку, и додека сè уште беше топло чоколадото, за да се залепи, наросив кокосов чипс и мелени бадеми.

Уживање беа! 🙂 Дефинитивно ќе ги правиме повторно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here