Овесни колачиња со банана

Споделете со пријателите

Колачињата не се ништо генијално, но се преедноставни за правење. Можат да бидат супер ужинка или пак дури и појадок. Немаат брашно, млеко, нити пак јајца.

Од состојките излистани подолу ние добивме 14 колачиња.

Еве што ставивме:

  • 200 g мелени овесни снегулки
  • 1 и пол зрела банана – ако ви се помали бананите може и 2 или само 1 поголема
  • 2 лажици путер од кикиритки од Fit Delights – можете да си нарачате тука
  • 1 или 2 лажици мед – зависи колку благо сакате да биде
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку цимет
  • 50-тина g суво грозје

за одозгора:

  • околу 50 g темно чоколадо
  • кокосови трошки
  • мелени бадеми.

Подготовка:

Подготовката можете да ја видите на видеото.

Се мешаат сите состојки заедно и од сместа формирате топчиња како бомбици. Ги ставате топчињата на хартија за печење и со виљушка претходно натопена во вода (за да не се лепи) потиснувате од горе. Ги печевме кратко, околу 12-тина минути и тоа јас печев на 160С со вклучен вентилатор. Во однос на печењето ќе морате да следите, но тоа е правилото, не многу долго и на не многу јако.

За да ги декорираме одозгора стопив темно чоколадо и врз секое колаче ставив малку, додека сеуште беше топло чоколадото за да се залепи наросив кокосов чипс и мелени бадеми.

Уживање беа 🙂 Дефинитивно ќе се прават повторно.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *