Рецептот е многу едноставен и лесен, и многу малку се разликува од класичната проја.
Состојките лесно можете да ги замените и да го прилагодите рецептот на ваш начин.
Состојки:
- 3 јајца
- 1 чаша* пченкарно брашно
- 1 чаша овесни снегулки
- 1 мала павлака (може и јогурт, а може и кисело млеко или грчки јогурт) – околу 150 g
- 100 g сирење или урда
- 1/2 чаша гриз
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажичка пециво или сода бикарбона
- малку сол и бибер
- за филот одозгора: кромид, домат, магдонос
*(изберете една чаша и истата користете ја за сè, јас ја користам таа што ми е за кафе)
Подготовка:
Најпрвин сомелете ги овесните снегулки во блендер и соединете ги заедно сите суви состојки. Потоа додадете ги јајцата, павлаката и урдата или сирењето. На крај додадете малку сол, бибер, 1 лажица маслиново масло и убаво измешајте.
Обложете го плехот со хартија за печење, истурете ја смесата и одозгора наросете со насечкан кромид, домат и магдонос. Може да додадете доколку сакате и маслинки.
Печете во загреана рерна на 180°С околу 25-30 минути. Времето ќе зависи од висината на плехот. Јас обично го готвам во плиток плех, и ми се фаќа помалку време, ако е повисок може ќе ви биде потребно и повеќе. Потребно е убаво да зарумени одозгора и вашата проја/фокача е готова.
Ова е одлична опција за оброк и за вашите деца!
Уживајте во вкусовите! На здравје! 🙂
Рецептот е на: Елена Ѓорѓиевска








