Летна торта со боровинки

Споделете со пријателите

Тортава не е ништо иновативно, баш е комбинација од претходни, но доста поедноставена за правење зошто има само кора и еден слој, а измеѓу џем од сливи. Не чекате ништо да се стегнува едноставно редите ставате во замрзнувач и толку.

Ја правев во силиконско калапче со дијаметар 21 cm (нарачано ми е од алиекспрес). Ова е малку помало од тоа стандардно што го користам (тоа е 24 cm).

Од тортата јас извадив 12 парчиња.

Прв слој (кора):

  • 100 g непечени бадеми
  • 100 g овесни снегулки
  • 100 g урми (киснати во вода барем 1-2 часа)
  • 3 лажици кокосово масло
  • малку ванила (по желба).

Средниот слој е џем од сливи без шеќер (ставив 3-4 големи лажици).

Фил со боровинки:

  • 150 g непечени индиски ореви (киснати во вода минимум 1-2 часа)
  • 100 g урми (киснати во вода барем 1-2 часа)
  • 50 ml бадемово млеко
  • 300 g боровинки (можете слободно да ставите и друго овошје)
  • 50 ml вода во која растворив 1 лажичка агар-агар и ја затоплив на оган за да се активира (наместо агар-агар можете да ставите желатин, ама половинка кесичка – ако користите желатин следете го упатството како се активира).

Подготовка:

За подготовка на филот во процесорот првин ги ставив бадемите и овесните снегулки за да се измелат убаво, потоа ги додадов урмите, ванилата и кокосово масло и бледнирав додека смесата не почна да се соединува и да се лепи.

Ја натапкав во силиконското калапче и одозгора ставив од џемот од сливи.

За подготовка на филот од боровинки сите состојки заедно ги ставив во блендер и бледнирав, но подолго за убаво да се соединат и да стане филот баш кремаст. Последно го додадов агар-агарот растворен во водата и загреан како што напишав погоре. Откако го додадов агар-агарот бледнирав многу кратко, само да се соедини.

Истурив врз џемот од сливи и оставив преку ноќ во фрижидер.

Следен ден украсивме со боровинки и малини и дувавме 😊

Коментарот на Дарко и сестра ми беше дека ова е најубавата торта до сега, иако они двајца секогаш викаат така 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *