Home Рецепти Здрави десерти Кајсии полнети со домашна здрава нутела

Кајсии полнети со домашна здрава нутела

8
0

Овој десерт излезе сосема случајно бидејќи бев решена цел ден да јадам жива и непрцесирана храна. Желбата за нешто слатко решив да ја задоволам со прекрасен домашен нутела крем на кој мислам дека можам да специјализирам, го имам направено милион пати и секогаш е се подобар од претходниот 🙂

Зрелите кајсии кои стоеја на масата изгледаа повеќе од привлечни и затоа решив да ги спојам со мојата нутела.

Резултатот беше фантастичен.

Овој десерт е одличен за сите генерации. Ќе ви ја задоволи желбата за благо, а притоа ќе го наполните телото со многу витамини и многу минерали. Во нутелата додадов и 1 лажичка мака во прав со цел да го направам десертот уште поздрав и уште похранлив (повеќе за оваа моќна суперхрана, прочитајте тука).

Потребни состојки:

  • 6-7 зрели кајсии

за кремот (здрава нутела):

  • 100 g непечени лешници
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица рогач (опционално, може да се замени и со какао)
  • 1 лажичка мака во прав (опционално, не мора да се додаде, јас додадов за поголема хранливост)
  • 2 лажици стопено на пареа кокосово масло
  • 2 лажици вода или бадемово млеко
  • 2 лажици мед.

Начин на подготовка:

Лешниците ставете ги во блендер или сецко затоа што потребно да бидат ситно сомелени. Потоа ставете ги во еден подлабок сад и во него додадете го какаото, рогачот и маката и убаво соединете ја смесата. На крај додадете го медот, кокосовото масло и сосема малку вода или бадемово млеко. Убаво измешајте дури не добиете убав густ крем. Доколку е многу густо слободно додадете уште малку водичка.

Кајсиите пресечете ги на половинки и извадете им ги семките, во секое дупче ставете малку од кремот. Одозгора доколку сакате наросете малку ленено и чиа семе.

Кремот што ќе ви остане слободно чувајте го во фрижидер, можете да го комбинирате со било што.

На здравје!

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here