Home Исхрана Предлог за балансиран појадок или ручек: Хељда со зеленчук и семиња

Предлог за балансиран појадок или ручек: Хељда со зеленчук и семиња

393
0

Добар предлог за балансиран оброк, за кој било дел од денот, кога немате идеја што да зготвите. 🙂

Количината на намирници одговара за една голема порција или две помали.

Потребни состојки:

  • 4 лажици варена хељда
  • 1 лажица интегрален сусам
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 кромид
  • 100 g златна зеленчукова мешавина
  • малку спанаќ
  • 1 лажица маслиново масло
  • хималајска сол, црн бибер и оригано (по желба).

Начин на подготовка:

Во тавче на оган го ставаме маслиновото масло, и кратко го запржуваме кромидот, златниот микс и спанаќот.

На крај во зеленчуковата мешавина ја додаваме хељдата, сончогледот и интегралниот сусам. Зачинете по сопствен вкус.

Добар апетит!


Повеќе рецепти за здрави оброци пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here