Количината на намирници одговара за една голема порција или две помали.
Потребни состојки:
- 4 лажици варена хељда
- 1 лажица интегрален сусам
- 1 лажица сончоглед
- 1 кромид
- 100 g златна зеленчукова мешавина
- малку спанаќ
- 1 лажица маслиново масло
- хималајска сол, црн бибер и оригано (по желба).
Начин на подготовка:
Во тавче на оган го ставаме маслиновото масло и кратко го запржуваме кромидот, златниот микс и спанаќот.
На крај во зеленчуковата мешавина ја додаваме хељдата, сончогледот и интегралниот сусам.
Зачинете по сопствен вкус.
Добар апетит!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.