Овие мафини се одличен здрав и посен десерт, доколку сакате да бидат уште посочни можете да ги премачкате со некој ваш омилен џем.
Одлични се за појадок заедно со топол чај или пак за десерт во било кој дел од денот.
Количината на намирници е доволна за подготовка на 12 мафини.
Еден мафин содржи 108.83 kcal, 12 g јаглехидрати, 6.7 g масти и 2.5 g протеини.
Потребни состојки (за 12 мафини):
- 3 лажици мелено ленено семе – се потопува со малку вода
- 7 лажици овесни снегулки – мелени
- 5 лажици интегрално пченично брашно
- 9 лажици кокос во прав
- 4 лажици нерафиниран кафеав шеќер
- 4 лажици какао
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка прашок за пециво
- прстофат сол
- 3 лажици кокосово масло
- 200 ml вода.
Начин на подготовка:
Во длабок сад ги мешаме првин сите суви делови се дури не се добие хомогена и еднолична смеса. Потоа го додаваме накиснатото мелено ленено семе, кокосовото масло и водата и мешаме интензивно дури не се хомогенизира смесата.
Со лажица ги полниме силиконските калапчиња и печеме во загреана рерна на температура од 180˚С околу 30 минути.
На здравје!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.