Вистински баунти коцки

Споделете со пријателите

Имам правено баутни коцки и друг пат, ама сега купив од кокосов крем и сакав да го искористам баш за ова.

Подготовката беше многу лесна и брза.

Состојки:

  • 60 g кокосови трошки (тие најобичните што се 20-30 денари за 100 g)
  • 40 g еритрол (јас имав само 20 g еритрол и додадов уште 20 g кокосов шеќер, еритролот ми е купен од Моринга здрава храна во Аердром)
  • 60 g кокосов крем – јас го купив од Тинкес (можете да го видите како изгледа на видеото)
  • 60 g кокосово брашно
  • 30 g кокосово масло
  • за прелив: 100 g темно чоколадо + 2 лажици кокосово масло

Подготовка:

Во длабок сад ги мешате кокосовите трошки, еритролот, брашното и потоа го додавате кокосовиот крем и масло и убаво соединувате. Смесата е многу сипкава и во прв момент мислев дека тоа ќе ми биде пропаднат рецепт, но кога ќе ја натапкате смесата во калапче (јас користев калапи за лед) и ќе ги оставите коцките само 30 минути во замрзнувач ќе добиете многу цврсти коцки кои потоа ќе ги валкате во стопеното чоколадо.

Чоколадото го стопив со 2 лажици кокосово масло и секоја коцка ја валкав во него. Одозгора наросив малку кокос и пак вратив во замрзнувач уште 10-тина минути.

Значи вистински баунти вкус дефинитивно, ако сте љубители на овие чоколади како мене ова е дефинитивно најсоодветната здрава замена.

Согласно големината на моите калапи јас добив 10 баунти коцки.

Нутритивни вредности во една баунти коцка (ако добиете 10):

  • 168 калории
  • 4.2 g јаглехидрати
  • 15 g масти
  • 2.7 g протеини
  • 3.4 g влакна

До следно готвење 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *