Вегетаријански лазањи со тиквица и зеленчук

Споделете со пријателите

Одличен предлог за вкусен нискокалоричен ручек.

Бидејќи тиквичките пуштаат вода ги насеков на долги ленти, ги посолив и ги оставив на хартија за бришење па потоа малку ги натапкав за да го соберам вишокот вода, иако пак пуштија сепак воопшто лазањата не беше водена.

Состојки:

  • две поголеми тиквици
  • 1 главица кромид
  • 3 пиперки
  • 1 поголем морков
  • 2 поголеми домати
  • 200 g шампињони
  • 7-8 маслинки
  • малку младо лукче
  • магдонос
  • 2-3 лажици маслиново масло и сол
  • 180 g или еден цел грчки јогурт
  • 2 јајца и 50-тина g кашкавал.

Подготовка:

Тиквичките ги насеков на ленти и ги посолив како што ви пишав погоре. Во тавче што не лепи го ставив маслото и ситно го насечкав кромидот, морковот, пиперките , шампињоните и маслинките и ги динстав додека убаво не омекнаа. Самиот зеленчук си пушти вода па си се правеше во сопствениот сок. Кога малку омекнаа ги додадов доматите но изрендани (можете и во блендер, а може да ставите и доматно пире). Го оставив сето тоа на оган додека убаво не испари сета вишок вода и на крај додадов малку сол, свежо ситно исечкано лукче и малку магдонос.

Во огноотпорен сад првин ставив малку од смесата од зеленчукот па наредив тиквици, па пак од сместа, па 1-2 лажици грчки јогурт, па пак тиквици и се така додека имав. На крај завршив со смесата од зеленчук. Ставив да се пече и тоа првин на повисока температура на 200-220°С околу 10-15 минути и потоа намалив уште 10-тина минути на потивко. Кога видов дека доста од вишокот вода испарила прелив со 2 изматени јајца и наросив со кашкавал.

Вратив во рерна уште 7-8 минути.

Ќе добиете доволно за 3 супер порции.

Нутритивни вредности по порција:

  • 436 калории
  • 27.5 g јаглехидрати од кои 8.2 g влакна
  • 27.5 g масти од кои 8.3 g заситени
  • 25 g протеини.
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *