Чоко-малина raw торта

Споделете со пријателите

Традицијата вели дека кај нас за родендени се прави исклучиво торта дома.

Славеник овој пат беше тато Дарко.

Прв пат мерев колку точно време ми беше потребно за подготовка на тортата. Значи за подготовка на двата слоја: кората и чокоалдниот дел ми требаа 20 минути, за малина делот уште 15 минути и 7 минути украсување. Секако за да е толку брзо претходно се ми беше добро подготвено и организирано. 

Инаку рецептот може да се направи и со замрзнати малини ама пред да правите одмрзенете ги и фрлете ја вишокот вода. Исто така може да се направи и со друго овошје пример со јагоди/вишни или пак боровинки, па дури и со праски или кајсии. 

Состојки: 

кора:

  • 200 g овесни снегулки
  • 100 g лешници
  • 200 g урми (киснати во вода околу 2 часа)

чоколаден дел:

  • 250 g непечени идниски ореви (киснати во вода минимум 2 часа)
  • 30 ml кокосово млеко (обично ставив не full fat)
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици кокосово масло
  • 100 g темно чоколадо
  • 200 g свежи малини

последен малина слој:

  • 500 g свежи малини
  • 10 g агар-агар (може да го замените со 30-40 g чиа семе)
  • 50 g кокосов шеќер.

Подготовка: 

За подготовка на првиот слој во процесор ги ставив првин снегулките и лешниците, а потоа ги додадов урмите. Блендирав додека смесата не се соедини убаво, беше густа и леплива. Ја натапкав убаво во кружно плехче со обрач. 

За подготовка на вториот слој ставив се во процесорот освен чоколадото и малините. Блендирав малку подолго за да стане кремасто. Кога убаво се соедини ја додадов чоколадата претходно стопена и блендирав уште пола минута. На крај ги додадов малините и измешав со лажица за да останат цели. Го истурив овој слој врз кората и го оставив преку ноќ во замрзнувач.

За последниот дел ги ставив малините во тенџере и го додадов кокосовиот шеќер, ги ставив на оган и кога почна да врие мешав интензивно. Од самата топлина се распаднаа и почна смесата да наликува на мармалад. Кога веќе вриеше го додадов агар-агарот и на тивко оставив да вриуцка уште 4-5 минути. Потоа ја истурив оваа смеса врз чоколадниот слој и оставив да се стегне, но сега во обичниот фрижидер. Брзо гелираше и веднаш потоа си украсив со свежи малини, рибизли, стопено чоколадо и мелени лешници. 

Тортата ја чував во обичниот фрижидер.

До следно готвење 🤍

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *