Home Рецепти Здрави десерти Бисквит колач со јагоди и грчки јогурт

Бисквит колач со јагоди и грчки јогурт

92
0

Дефинитивно ова не мора да е сезонски колач и да се прави само кога има јагоди, супер би бил и со праски или со јаболка.

Вкусот и структурата се перфектни, грчкиот јогурт и јагодите даваат некоја совршена сочност, а кората е сипкавa, но во исто време и сочна.

Значи мора да пробате!

Потребни состојки (јас добив 16 парчиња, а правев во помало коцкасто плехче со димензии 20 x 20 cm):

за кората:

  • 100 g мелени овесни снегулки
  • 100 g брашно од спелта
  • 50 g кокосов шеќер
  • 1 лажичка пециво
  • малку ванила
  • 3 лажици путер микс јатки (може и каков било путер од јатки)
  • 3 лажици кокосово масло
  • 1 јајце.

фил:

  • 180 g или цел грчки јогурт
  • 30 g кокосов шеќер
  • 150 g ситно сечкани јагоди.

Подготовка:

Сите состојки за кората ги мешате заедно во сад, ќе добиете густа смеса кој е сипкава, и ако силно ја потиснете се групира, но треба да се сипе. 70% од смесата ќе ја натапкате во плехче (добро е да ставите хартија да се извади полесно). Оставете 30% од количината за да ставите врз филот на крај.

Филот подгответе го така што само ќе го измешате грчкиот јогурт со кокосовиот шеќер.

Истурете ја оваа смеса врз кората, ставете ги јагодите и одозгора растурете ја смесата што ви остана од кората.

Ставете го колачот да се пече на температура од 150-160°С околу 30-40 минути. Се пече на ниска температура затоа што е потребно да се суши.

Значи многу, многу вкусно!!!

Следен пат ќе правам со дупла доза! 😊

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here