Бомбици со суво овошје

Споделете со пријателите

Рецепти за бомбици имам многу и баш од се можат да се направат, треба да се внимава само да се поднеси односот на состојките за да ја добиете онаа потребна густина за можете да ги обликувате.

Ана навистина многу обожава вакви ужинки па затоа секој момент го користам да направам нешто вкусно што ќе може да стои и да го имаме како опција за здрава закуска.

Овие бомбици ги правевме заедно 😊 децата навистина уживаат кога се вклучени во секојдневните “возрасни работи”.

Бомбиците не се нешто генијално, но бидејќи вкусот и односот на состојките навистина ми се погодија решив да ги запишам рецептот.  

Состојки:

  • 50 g суви кајсии
  • 50 g сува брусница
  • 50 g суви урми
  • 50 g непечени бадеми
  • 50 g непечен сончоглед
  • 100 g овесни снегулки
  • 1 лажица какао
  • 3 лажици кокосово масло.

Подготовка:

Сувото овошје го потопив во вода и го оставив да покисне едно 2 часа сигурно. Бадемите, овесните снегулки, сончогледот и какаото ги ставив во блендер за да станат брашно и да се соединат. Потоа во бледнерот го додадов и накиснатото суво овошје и кокосовото масло. Блендирав многу кратко затоа што смесата е доста густа па нема поента да го мачам блендерот. Само колку да соедини се и да немате суви делови, можете да му помогнете на блендерот и со една голема лажица.

Формирајте топчиња и валкајте ги во што сакате. Можете и да не ги валкате. Јас дел ги валкав во какао, дел во мелени лешници, на некој им ставив домашна нутела одозгора, а на некои путер од јатки.

Од убаво поубаво! Денес појадокот ми беше 3 од нив заедно со јаболко и домашен сок од аронија, слива и ризбизла без шеќер.

Едвај ја чекам Ана од градинка да проба што си направила сама 😊

Ве предизвикувам и вас да засукате ракави и да направите здрава ужинка за цело семејство 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *