Дали диетата или здравиот режим на исхрана кој го практикувате пропаѓа доколку прекршите некое правило?

Споделете со пријателите

Краткиот одговор на ова прашање е ЗАВИСИ.

Сега ќе се обидам ова малку да ви го објаснам со цел да создадете една слика во себе за сите тие “прекршоци”.

Факт е дека не можеме да живееме 100 % опседнати за секое едно залче кое го внесуваме, но всушност тоа не е ни убаво. Треба да научиме да уживаме во животот и да ги балансираме нештата.

Дали се ќе падне во вода ако прекршите едно правило од режимот ќе зависи како ќе се однесувате потоа.

Запомнете дека тие 2-3 или 10 килограми кои ги имате вишок не се поради тоа едно чоколатце кое го изведовте лани. Туку тие се резултат на подолготраен калориски суфицит во текот на некој одреден период. Во тој период вие ниту сте внимавале што јадете, ниту пак сте се труделе да бидете малку физички активни.

Чувството да бидеме беспрекорно дисциплинирани е одлично, но не треба да се обвинувате себе си ако изедете малку повеќе од што е потребно и ако тоа е навистина ретко.

Запомнете дека храната е уживање, таа е дел од секоја веселба која ја правиме.

Дали сте виделе негде свадба, роденден или празник без храна?

Не, не и не! Затоа што храната ни дава совршено задоволство и не поврзува социјално.

Убаво е да излезете и да јадете пица со пријателите некогаш, но не е убаво да јадете пица секоја втора вечер и заедно со неа да пиете плус и пиво или кока кола на пример.

Проблемот со прекршување на диетета или режимот е веќе вистински проблем ако тој се претвори во грешки цел ден, цела недела…

Многу е важно да не ја заборавите својата цел во тие моменти и да продолжите таму каде што сте застанале. Еден оброк нема да ве извади од рамнотежата, но еден ден, една недела или месец ќе ве извадат многу.

Друга работа е активноста. Јас си тргнувам од себе, во оние денови кога знам да изедам повеќе од вообичаено сето тоа го балансирам со добар тренинг пред или потоа. Исто така ако знам дека дента сум изела повеќе од вообичаено многу често знам после некој таков обилен оброк да направам фастинг од 18 часа и веќе следниот ден јас сум повторно на истата точка.

Сите овие години научив совршено да балансирам меѓу здравата исхрана, вежбањето, но и сите оние оброци кои не се 100% здрави, а сепак ги сакам.

Јадам здрава храна и здрави и нутритивни оброци повеќе од 90% од времето, но се чувствувам лошо ако изедам парче пица или еден ред чоколадо.

Живејте го живото со позитивна енергија и најдете го балансот кој ќе ве одржува во рамнотежа 😊

Ви испраќам љубов на сите <3

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *