Ледена банана торта

Споделете со пријателите

Оваа ледена торта многу потсеќа на сладолед од банана! Прекрасна е за се уште топлите летни денови 😊

Се чува во замрзнувач.

Потребни состојки за долниот прв слој:

  • 100 g овесни снегулки
  • 50 g микс од семиња (ленено, семе од тиква, сончоглед, сусам) или било кој ваш омилен микс
  • 50 g ореви
  • 2 лажици кокосово масло (стопено)
  • 2 лажици путер (исто стопен)
  • мед/засладувач (по желба).

Подготовка:

Сите состојки добро сомелете ги во блендер/сецко или што и да имате дома. Најпрвин сувите (овесните снегулки, миксот од семиња и оревите), а потоа додадете ги путерот и кокосовото масло. Можете да ставите мед како засладувач. Бидејќи медот е течен ќе ви биде потребно само малку, но ако додадете друг сув засладувач, додадете уште малку кокосово масло или путер. Смесата треба да биде баш густа. Со помош на шпатула или поголема лажица измазнете ја по цел дијаметар во вашето омилено плехче за торти. Ако имате такво со страничен калап што се вади е најубаво.

Потребни состојки за горниот слој:

  • 3/4 банани
  • 2 лажици путер од кикиритки (може да се замени со путер од бадеми или лешници)
  • 2 лажици млеко (вашето омилено)
  • 1 кесичка желатин
  • засладувач (може мед).

Подготовка:

Сите состојки освен желатинот, добро изблендирајте ги во блендер како за смути. Ако смесата која ја добиете е премногу густа додадете уште малку млеко или вода. На крај додадете го желатинот.

Истурете ја кесичка желатин (извадете од цела кесичка две лажички кои ќе ни требаат за последниот слој од малини) во чаша и додајте 2 лажички ладна вода да набабри, потоа стопете го желатинот или на водена бања или во микро. Ставете го стопениот желатин во смесата со блендирани банани и прелејте ја основата. Оставете малку да стегне во замрзнувач.

За последниот слој искористете малини или било кое ваше омилено овошје, може свежи или замрзнати. Ставете ги на оган малку да пуштат сок и да се соединат. Па во смесата додадете го останатиот желатин (набабрен). Бидејќи сместа ќе биде топла тука сам ќе се стопи.

Почекајте да се стегне првиот дел па истурете го вториот затоа што во спротивно ќе ви се измешаат и соединат.

Декорирајте по желба и израдувајте ги вашите блиски со едно парче!

Рецептот и сликите се на Елена Ѓоргиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *