Брз посен ручек: зеленчуковa инстант супа, макало од тиквичка и интегрални лепчиња 

Споделете со пријателите

Има ли поубаво нешто од крцкави топли лепчиња и вкусно макало комбинирано со топла густа зеленчукова крем супа како топло предјадење.

Нутритивни вредности :

калории:

јаглехидрати: масти: протеини:

Посен брз ручек: Инстант зеленчукова супа, макало од тиквички и потпечени интегрални лепчиња

 

 

супа:

57 kcal 14 g 0.1 g

2.2 g

макало:

(количината на намирници одговара за 2 лица, нутритивните вредности се дадени за 1 лице)

160 kcal 3.9 g 16 g

1.75 g

интегрални потпечени лепчиња (2 парчиња):

315 kcal 47.2 g 11.7 g

7.7 g

Функционалност: посно, GMO free, diet, lactose free.

Потребни состојки:

 за супата:

 за потпечените лепчиња:

  • 4 парчиња интегрален леб
  • малку маслиново масло
  • за посолување малку зеленчуков зачин Vitalia Vita Spice.

за макалото од тиквичка:

Начин на подготовка:

Инстант супата истурете ја во соодветна чинија и само додадете ја топлата вода, по желба додадете цеден лимон.

Лепчињата пресечете ги на половинки (во форма на триаголник, доколку лебот е коцкаст). Ставете ги лепчињата во сад за печење, попрскајте ги со маслиново масло и наросете ги со зеленчуков зачин. Запечете ги во рерна 15 минути на 200°С.

 За подготовка на макалото најпрвин тиквичката насечкајте ја на тенки кругови и посолете ја малку со хималајска сол. За да омекне печете ја во загреана рерна 20 минути на 200°С. Потоа ставете ја во блендер/сечко заедно со сите други состојки и блендирајте дури не добиете хомогена смеса. Украсете по желба со маслинки.

На здравје!

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=dZDkeaFZV5o[/embedyt]

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *