Чоколадни крцкави коцки

Споделете со пријателите

Овој здрав десерт можете да го направите во две верзии: во сирова варијанта без печење или во печена крцкава. Јас избрав да го печам (сушам) кратко затоа што сакав да добијам нешто малку поразлично.

Резултатот беше навистина фантастичен иако бев малку скептична како ќе излезе.

Од оваа количина на состојки јас добив 10 коцки.

Потребни состојки:

  • 100 g несолени и непечени бадеми
  • 80 g овесни снегулки
  • 50 непечен сончоглед
  • 40 g кокосово масло или околу 3 лажици
  • 50 g мед или околу 3 лажици
  • малку ванила

за чоколадниот дел:

  • 100 g темно чоколадо
  • 2 лажици кокосово масло
  • 3 лажици путер од лешник – (можете да ставите и друг путер од јатки) – путер од јатки можете да си нарачате тука

Подготовка:

Во блендер или процесор ставате ги првин бадемите, снегулките, сончогледот и ванилата и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа додадете ги кокосовото масло и медот и продолжете со блендирање. Смесата ќе стане сипкава, но леплива.

2/3 од смесата натапкајте ја во сад во кој ќе ставите хартија за печење за да можете после лесно да извадите. Јас користев силиконско правоаголно плехче. Другата 1/3 од смесата оставете ја за одозгора.

На тивок оган стопете го чоколадото, заедно со кокосовото масло и истурете ја таа смеса врз натапката кора. Одозгора врз чоколадото ставете го путерот од лешник и остатокот од смесата од кората. Покријте со фолија и ставете во загреана рерна на 160С да се суши околу 25-30 минути. Не ја вадете фолијата затоа што може лесно да изгори одозгора. Кога ќе го извадите оставете да се излади, па ставете го во фрижидер да се стегне, па дури тогаш сечете го (не во замрзнувач, во обичниот).

Наместо печење можете да ставите само во фрижидер и да почекате да се стегне чоколадниот дел. И така ќе биде превкусно.

На здравје 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *