Состојки за три порции:
- 150 g интегрални тестенини (мерени пред варење)
- 2 парчиња лосос печен лосос (исчистен од коските) – околу 400 g – може да го замените и со туна за побрзо
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 домат
- ½ тиквица
- 5-6 маслинки
- 1 лажица сенф
- сол и зачини по желба
- неколку чери домати и свеж босилек за декорација .
Подготовка:
Тестенините сварете си ги на стандарден начин и оставете ги на стана.
Морковот и кромидот насечкајте ги и кратко запржете ги на маслиново масло. Кога ќе почнат да руменеат додадете во тавата еден домат насечкан на коцки и ½ тиквица исто така насечкана на коцки. Зеленчукот ќе си пушти вода и течност и ќе се динста во тој сок. Кога ќе омекне додадете ги маслинките, 1 лажица сенф, сол и зачини по желба.
Кога сосот со зеленчук ќе биде готов додадете ги во него сварените тестенини, ако има потреба посолете малку и на крај додадете ја и рибата. Измешајте убаво и одозгора декорирајте со чери домати и свежи листови босилек.
Ова е одлична опција за балансиран ручек.
50 g тестенини по порција е одлична количина која ќе ве засити, а воопшто не е премногу за да ви го крене јаглехдиратниот внес до “плафон”.
Пробајте и уживајте во секое залче 😊 Добар апетит!
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.