Home Исхрана Црвен омлет со цвекло

Црвен омлет со цвекло

235
0

Ова е супер здрав рецепт кој може да биде и појадок и ручек и вечера.

Одличен начин да вклучите цвекло во вашиот оброк. Комбинацијата е врвна, не знам како ми текна да пробам, ама дефинитивно ќе го правам ова почесто и за мене и за Ана. 🙂

Во продолжение видете што ви е потребно за овој црвен пица омлет со цвекло

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 варено или печено цвекло (средна големина)
  • 3 лажици пченични никулци (може да се заменат со овесни снегулки)
  • 1 лажица 4 мелени семиња (лен, сусам, семки од тиква и сончоглед)
  • неколку капки маслиново масло
  • 1 лажица павлака или грчки јогурт
  • зеленчук по желба (јас користев: морков, пиперка, грашок и магдонос)

Подготовка:

Ставете ги во блендер цвеклото и јајцата, и соединете ја смесата. Потоа во таа смеса додадете ги пченичните никулци и семињата, па измешајте убаво. На капка маслиново масло во тава што не лепи, испечете го омлетот како палачинка. Јас го печев по 1 минута и од двете страни.

Тргнете на страна, премачкајте го омлетот со 1 лажица павлака или грчки јогурт и наредете го зеленчукот одозгора.

Инаку ако немате време да варите или печете цвекло, има веќе подготвени и пакувани во Веро.

Јас често знам да си купам за салата (кога немам време да варам или печам) затоа што свежото цвекло ми прави проблеми на стомакот.

И тоа е тоа… брз, нутритивен оброк за 5 минути. 🧡

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here