Наут чоколадни коцки

Споделете со пријателите

Наутот во суштина е толку неутрален што совршено се вклопува и солени и во благи рецепти.

Во 100 g наут има околу 350 калории, 20 g протеини, само 6 g масти, околу 60 g јаглехидрати од кои 18 g отпаѓаат на диететски влакна. Наутот исто така содржи и голем процент на железо, витамин Б6, магнезиум и калциум.

Хумусот е моментално најпознатиот деликатес од наут, но и во блага верзија наутот е совршен!

Потребни состојки (за околу 22-23 наут коцки – ќе зависи од големината):

за основата:

  • 200 g сиров наут (киснат во вода околу 8 часа, па кратко обарен)
  • 200 g суви урми киснати во вода минимум 4 часа
  • 50 g кокосови трошки
  • 5 лажици кокосово масло
  • 1 лажичка рум или ванила
  • 1 лажица некој путер од јатки (јас користев од лешник)

за карамел-чоко фил:

  • 1 лажица мед
  • 3 лажици путер од јатки (јас користев од лешник, но може и од кикиритки)
  • 1 лажичка какао

за чоколадна глазура:

  • 150 g темно чоколадо
  • 2 лажици кокосово масло.

Начин на подготовка:

Ако користите наут од конзерва не треба ништо да правите со него може директно да го блендирате ама во таков случај ќе ви требаат 400 g затоа што количината од 200 g се однесува на сиров наут кој кога се кисне и вари прима вода.

Ставете го наутот заедно со урмите во блендер и соединете ја смесата. Сместа е прилично густа така да можете да му помагате на блендерот и со една лажица. Кога ќе се соединат наутот и урмите ставете ги во подлабок сад и таму додадете го кокосовото масло и кокосовите трошки, ванилата или румот и путерот од јатки. Со лажица соединете убаво. На хартија за печење во коцкасто плехче распоредете ја смесата.

Во друг сад измешајте 1 лажица мед со 3 лажици путер од јатки и 1 лажичка какао, соединете убаво и истурете ја содржината врз натапканата смеса рамномерно.

Оставете во замрзнувач да се стегне (околу 2 часа). Извадете и со нож направете коцки. Секоја коцка валкајте ја во чоколадната глазура. Одозгора за декорација јас ставив уште малку путер од лешник. Вратете ги коцките во замрзнувач и така чувајте ги. За да можете да ги јадете доволно е да ги извадите само 5 минути на собна темперира.

Значи врв се, ако не знаете дека има наут нема да може ни да претпоставите!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *