Природните маски за лице кои можете да си ги направите сами и во домашни услови се одличен начин да ја негувате и одржувате кожата сјајна и еластична.
Тие не содржат конзерванси и штетни супстанци кои можат негативно да делуваат. Најчесто се прават од намирници кои ги јадеме и секогаш ги имаме дома и затоа се безбедни и за надворешна употреба.
Тоа што го подготвивме за вас е комплекс за негувано лице кој се состои од три маски т.е три третмани кои е потребно да ги правите во три последователни денови.
Првиот ден правиме пилинг за прочистување и смирување на кожата, вториот ден третман за избледување и третиот ден третман за потхранување и регенерација.
Во сите маски користиме аспирин (ацетилсалицилна киселина) која е одлична за намалување на воспалението на кожата. Исто така аспиринот ја намалува пропустливоста на крвните садови и на капиларите, што резултира со намален проток на крв и намалување на воспалените (тоа особено се однесува на луѓе кои имаат проблеми со акни и чести воспалителни процеси на лицето проследени со црвенило).
Овој третман е одличен доколку имате проблеми со акните.
На природен и ефикасен начин ќе ви помогне да ги елиминирате и да ја нахраните и регенерирате кожата.
Прв ден – Пилинг за прочистување и смирување на кожата
- 2 мали лажички јогурт
- 4 таблети аспирин
- 1 мала лажичка мед
- малку овесни снегулки (мелени, прашок)
Втор ден – Третман за побелување и смирување на црвенилото
-
- 4 таблети аспирин
- 2 мали лажици мед
- малку сок од лимон
Трет ден – Хранлива маска за регенерација
- 4 таблети аспирин
- 3 мали лажички мед
Начинот на подготовка на овој домашен комплекс за негувано лице можете да го погледнете на видеото подолу.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=YxVbiUMPPRo[/embedyt]
Made by: Елена Ѓорѓиевска
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.