Home Исхрана Гранола – супер опција за брз, здрав и балансиран појадок

Гранола – супер опција за брз, здрав и балансиран појадок

534
0

Гранола можете да си направите за време на викендот, и да имате супер здрава опција за појадок цела недела. 😊

Се подготвува многу лесно и брзо, а толку е вкусна што сигурна сум дека ако еднаш направите ќе правите постојано.

Јас си правам често и имам споделувано неколку рецепти. Секогаш додавам различни работи, во зависност од што имам дома. Кога е гранолата во прашање најбитно е, покрај сувите состојки, да имате и влажна смеса која ќе може да ја поврзе целата содржина. Јас најчесто како влажна смеса користам путер од јатки, мед и кокосово масло.

Потребни состојки за една голема тегла гранола:

  • 200 g овесни снегулки
  • 50 g мешавина од семиња и семки
  • 200 g мешавина од несолени бадеми и индиски ореви (мелени/кршени)
  • 50 g суво грозје

за поврзување:

  • 3 лажици путер од кикиритки
  • 2 лажици шумски мед
  • 40 g кокосово масло.

Начин на подготовка:

Подготовката е многу едноставна. Мешате сè заедно и убаво ја соединувате смесата. Ја ставате во плехче, па ја печете во рерна на 150˚С околу 20 минути.

Потоа ја собирате во тегла и појадокот за цела недела е спремен!

Јас денес гранолата ја комбинирав со грчки јогурт и замрзнати малини. Совршенство од појадок! 😊


Може да ве интересира: Домашни гранола барови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here