Со Ана се “мачкавме” низ кујна и направивме преубав овесен колач со кајсии и сок од портокал. Колачот е посен и се подготвува од едноставни намирници.
Може да биде супер опција за појадок, а секако и здрава ужинка за цело семејство.
Ако не сте ни направиле subscribe на нашиот канал на youtube, направете го тоа 🙂
Како одеше подготовката ќе видите на видеото, а за да е попрецизно еве ги состојките.
- 200 g суви кајсии насечкани на четвртинки
- 400 ml сок од портокал (исцедив 5 портокали)
- 220 g овесни снегулки
- 2 лажици семки од сончоглед
- 2 лажици интегрален сусам
- 3 лажици кокосово масло
- 50 g темно чоколадо стопено со малку кокосово масло за прелив одозгора (не е задолжително).
Подготовка:
Сувите кајсии и сокот од портокал ги ставивме на оган на тивко околу 15-20 минути да се згуснат убаво. Кога сместаа стана густа и високазна со разчен блендер убаво ја соединив. Можете и со било каков само почекајте малку да се излади да не го расипете.
Во друг сад ги измешавме овесните снегулки, соночледот и сусамот, во таа смеса ја додадовме смесата од сок од портокал и кајсии и додадовме 3 лажици кокосово масло. Убаво соединивме и во плечхче со хартија за печење ја натапкавме смесата.
Колачот се пече на 180С ооколу 10-15 минути.
Кога беше готов одзгора му ставив малку стопено чоколадо за декорација и анросив кокосв чипс.
Значи пре преубаво. Јас не додавав плус засладувач, некако доволна ми е блажината од кајсиите, ако сакате поблаго ставете 1-2 лажици мед или било кој друг засладувач.
Праќаме љубов 🙂 До следно готвење 😊
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.