Здрава бајадера

Споделете со пријателите

Речиси сите рецепти кои ќе ги најдете кај мене се лесни и брзи, но овој здрав десерт е еден од побрзите. Навистина е многу едноставно, за 10-тина минути имате здрава опција за ужинка која може да трае дури и неколку денови.

Состојки (јас добив 12 поголеми бајадерки):

прв слој:

  • 150 g мешавина од бадеми и лешници (несолени)
  • 40 g интегрален сусам
  • 40 g или 2 убаво полни лажици путер од микс јатки од @fit.delights.fitlife – нарачај си путер тука
  • 40 g или исто така 2 убаво полни лажици мед

чоколаден слој:

  • 100 g темно чоколадо
  • 3 лажици кокосово масло
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица путер од микс јатки од @fit.delights.fitlife

Подготовка:

Првин во процесор ги ставив бадемите, лешниците и сусамот да се измелат убаво. Потоа го додадов медот и путерот од јатки и мешав додека смесата не се соедини.

Кога беше хомогена ја истурив во правоаголен силиконски калап и убаво ја натапкав. Можете во било какво плехче ако ставите хартија за печење, за да можете извадите полесно (јас за жал кога почнав да готвам видов дека немам хартија).

Оставате кратко во замрзнувач дури да го подготвите чоколадниот слој.

Во огноотпорен сад ги стави чоколадните капки, кокосовото масло, медот и путерот и јатки и на многу ниска температура ги стопив и соединив.

Истурив одозгора и вратив во замрзнувач уште 30 минути.

Извадив исеков на правоаголници.

Толку 😊 Десертот е спремен за јадење.

Инаку јас си ги чувам во замрзнувач, поради природата на состојките не можат ни да замрзнат многу ама кога ќе ги извадите се баш онака цврсти, ладни и супер за јадење.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *