Јафа коцки со рум

Споделете со пријателите

Состојки:

за долниот слој:

  • 150 g овесни снегулки
  • 50 g лешници
  • 11 урми (претходно киснати во вода )
  • 1 лажица рум
  • сок од 1/2 портокал

Сите состојки убаво се блендираат и со помош на шпатула се става во плехот и се тапка убаво. Користете коцкасно или правоаголно плчехче. Најубаво е ако имате силиконско за да може лесно да се извади, ама ако немате ставете хартија за печење или фолија.

за горниот слој:

  • 80 g темно чоколадо
  • 1 лажица кокосово масло
  • 80 g путер од лешник (околу 3 супени лажици)
  • шака грубо кршени лешници

Стопето го чоколадото со кокосово масло и убаво соединете со путерот од лешник, па на крај додајте ги кршените лешници.

Прелејте одозгора и ставете во фрижидер најмалку 2 часа. Може да се исечат на коцки, барови или било која друга форма.

Можете да декорирате со кора од портокал, но само портокаловиот дел рендајте го, зошто белиот може да горчи (претходно покиснете го портокалот во вода со сода бикарбона за да се исчисти убаво).

Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *