Home Рецепти Здрави десерти Колач од просо

Колач од просо

89
0

Најчесто најубавите рецепти ги правам многу спонтано. Овој колач требаше да биде питата од просо со сирење и јајце што ја правам задолжително еднаш неделно, но наместо тоа излезе преубав благ и совршено вкусен есенски колач.

Состојките иако се навидум повеќе, се прилично едноставни и сигурно ги имате дома. Подготовката е лесна, а финалниот резултат фантастичен.

Потребни состојки:

  • 120 g просо
  • 3 лажици пире од јаболка (може наместо пирето да се стави 1 пасирана банана)
  • 2 лажици путер од јатки (каков било)
  • 3 лажици кокосово млеко (јас ставив пак од тоа од Кам, може да се стави и јогурт или млеко)
  • 3 лажици кокосово масло (може да се замени со маслиново масло)
  • 100 g кокосови трошки
  • 5 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици мед или каков било засладувач (може и стевиа)
  • ½ лажичка цимет
  • фил: џем од сливи без шеќер и мелени ореви (или каков било џем).

Начин на подготовка:

Просото треба да биде сварено, но јас секогаш пред варење го киснам 2-3 часа минимум (најчесто и повеќе), потоа водата во која се киснело ја фрлам, ставам нова вода и го варам на тивко. Кога е веќе киснато се вари прилично брзо, за некои 7-8 минути е веќе готово.

Кога просото се свари го ставив во цедалка за убаво да му се исцеди водата.

Потоа го префрлив во блендерот и го додадов путерот од јатки, пирето од јаболка, кокосовото млеко и медот. Блендирав убаво додека не се доби убава и хомогена смеса. Потоа во таа смеса ги додадов кокосовите трошки, кокосовото масло, овесните снегулки и циметот.

Користев помало плехче и го ставив колачот да се пече 15 минути во загреана рерна на 170˚С, и потоа уште 30-тина минути на 120-130 ˚С.

Сепак кога сме кај печење, секој си ја знае својата рерна и знае како и колку му пече. Внимавајте да не го прегорите, но не го вадете пребрзо затоа што ќе остане влажен. Самиот колач на крај има некоја сочност и не се чувствува дека е испечен.

Кога ќе се олади премачкајте го одозгора со џем од сливи и наросете мелени ореви или било какви други јатки.

Совршенство е!!! Вкусот не се опишува, се доживува. 🙂

И направете си дупла доза зашто кај нас веќе нема! 😊

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here