Потребни состојки:
за долниот дел:
- 200 g овесни колачиња
- една дланка ореви
- 4 лажици путер од кикиритки
- 2 лажици кокосово масло
- 2 лажици афион
- малку стевиа
за филот со тиква:
- 400 g пире од тиква
- pumpkin spice зачини (морско оревче, ѓумбир, цимет, каранфилче, анaсон)
- 50 ml кокосово млеко
- 2 лажици кокосови трошки (плус малку за декорација)
- пола кесичка желатин
- мед (по вкус)
Начин на подготовка:
Убаво изблендирајте ги овесните колачиња, оревите и афионот. На крај додајте го путерот од кикиритки и стопеното кокосово масло. Убаво израмнете ја смесата во плехче.
За подготовка на филиот од тиква соединете ги сите состојки (освен 2 лажици кокосово млеко за желатинот).
Можете состојките да ги соедините во блендер, а желатинот оставете го прво да набабри со 2 лажици кокосово млеко и загрејте на водена бања убаво да се стопи, на крај истурете го во смесата и убаво измешајте. Излејте го филот од тиква во плехчето над првиот слој. Оставете во фрижидер убаво да се олади и стегне!
На здравје 🙂
Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.








