Колач со фил од тиква

Споделете со пријателите

Потребни состојки:

за долниот дел:

  • 200 g овесни колачиња
  • една дланка ореви
  • 4 лажици путер од кикиритки
  • 2 лажици кокосово масло
  • 2 лажици афион
  • малку стевиа

за филот со тиква:

  • 400 g пире од тиква
  • pumpkin spice зачини (морско оревче, ѓумбир, цимет, каранфилче, анaсон)
  • 50 ml кокосово млеко
  • 2 лажици кокосови трошки (плус малку за декорација)
  • пола кесичка желатин
  • мед (по вкус)

Начин на подготовка:

Убаво изблендирајте ги овесните колачиња, оревите и афионот. На крај додајте го путерот од кикиритки и стопеното кокосово масло. Убаво израмнете ја смесата во плехче.

За подготовка на филиот од тиква соединете ги сите состојки (освен 2 лажици кокосово млеко за желатинот).

Можете состојките да ги соедините во блендер, а желатинот оставете го прво да набабри со 2 лажици кокосово млеко и загрејте на водена бања убаво да се стопи, на крај истурете го во смесата и убаво измешајте. Излејте го филот од тиква во плехчето над првиот слој. Оставете во фрижидер убаво да се олади и стегне!

На здравје 🙂

Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *