Ако сакате да го намалите внесот на јаглехидрати и внимавате што јадете, ама сепак обожавате тестенини, потрудете се кога ги правите тестенините да ставите од се друго повеќе (најмногу зеленчук), а тестенини најмалку. Јас така направив со вчерашниот ручек. Иако тестенините беа од наут и се многу поздрава верзија од обичните сепак ставив само 80 g за сите тројца.
Фокусот ми беше на зеленчук и месо.
Инаку овие тестенини од наут ги купив од ДМ.
Потребни состојки:
- околу 300-400 g варено пилешко бело месо
- 2-3 моркови
- околу 200 g печурки
- 1 главица кромид (може наместо кромид да ставите праз)
- околу 150 ml доматно пире
- 80 g варени тестенини (јас користев од наут)
- околу 50-тина g кашкавал или моцарела
- маслиново масло, сол и зачини по желба.
- свежа рукола.
Начин на подготовка:
Тестенините сварете си ги на стандарден начин.
И месото сварете го посебно. Моето бидејќи е домашно му требаше малку подолго време да се вари, но од водата во која се вареше денес направив преубава пилешка супа.
Кромидот, морковот и печурките насечкајте ги и кратко динстајте ги со малку маслиново масло. Во тавата додадете го свареното пилешко месо насечкано на коцки. Додадете сол и некои суви зачини по желба, па на крај додадете го доматното пире. Измешајте и кратко динстајте на тикво (некои си 4-5 минути). Потоа во оваа мешавина додадете го сварените тестенини и убаво измешајте.
Можете да додадете и други зеленчуци јас за жал вчера кога готвев немав некој избор во фрижидер ☹
Ставете во плехче и одозгора нарендајте го кашкавалот или моцарелата и кратко запечете ги.
На крај додадете свежа рукола и уживајте во оброкот 🙂
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.