Home Рецепти Здрави десерти Колачиња со просо, овесни снегулки и бадеми

Колачиња со просо, овесни снегулки и бадеми

141
0

Ова е првиот рецепт за оваа година, нека биде благо за да тргне годината! 😊

Потребни состојки (за 16 поголеми колачиња):

  • 130 g овесни снегулки
  • 130 g просо (сирово, не треба да се вари)
  • 100 g непечени и несолени бадеми
  • 1 лажичка пециво
  • 100 g мешавина од суви сливи и брусница (киснати во вода минимум 2 часа или 30 минути во топла вода)
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици путер од лешник (може да се замени со друг путер од јатки, со обичен млечен путер или пак со маслиново масло)
  • 2 лажици кокосово млеко
  • малку цимет
  • 1 јајце
  • малку сок од портокал.

Начин на подготовка:

Просото, овесните снегулки и бадемите треба да ги ставите во блендер за убаво да ги измелете, и треба да се добие баш брашнеста смеса. Јас малку избрзав и не блендирав доволно долго, па имаше останато некои цели зрна просо кои ми крцкаа, не дека е лошо и ми смета, ама еве чисто како препорака – блендирајте подолго за да стане побрашнесто.

Во оваа смеса потоа додадете го пецивото и наросете малку цимет па убаво измешајте.

Следно е подготовка на течниот дел кој исто така се подготвува во бледнер. Јас користев рачен, но може каков било блендер. Ставете ги сувите сливи и брусници, медот, путерот од лешник, кокосовото млеко, јајцето и сокот од портокал и убаво изблендирајте ги.

На крај двете смеси соединете ги. Потребно е да добиете густа смеса која ќе може да се обликува во точиња. Доколку смесата е ретка додадете малку овесни снегулки, а ако е многу густа додадете уште малку сок од портокал или кокосово млеко.

Направете топчиња и потиснете ги одозгора за да се направат како колачиња.

Печете ги 12-15 минути на 160˚С, и потоа уште 15-тина минути на 120-130˚C.

Одозгора може да им ставите стопено чоколадно, но и без тоа се секако одлични.

Совршени се за појадок заедно со овошје, или пак како здрава ужинка во било кој дел од денот.

Добар апетит! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here