Ова е првиот рецепт за оваа година, нека биде благо за да тргне годината 😊
Потребни состојки (за 16 поголеми колачиња):
- 130 g овесни снегулки
- 130 g просо (сирово, не треба да се вари)
- 100 g непечени и несолени бадеми
- 1 лажичка пециво
- 100 g мешавина од суви сливи и брусница (киснати во вода минимум 2 часа или 30 минути во топла вода)
- 1 лажица мед
- 2 лажици путер од лешник (може да се замени со друг путер од јатки, со обичен млечен путер или пак со маслиново масло)
- 2 лажици кокосово млеко
- малку цимет
- 1 јајце
- малку сок од портокал.
Начин на подготовка:
Просото, овесните снегулки и бадемите треба да ги ставите во белндер за убаво да ги измелете, треба да се добие баш брашнеста смеса. Јас малку избрзав и не блендирав доволно долго па имаше останато некои цели зрна просо кои ми крцкаа, не дека е лошо и ми смета ама еве чисто како препорака – блендирајте подолго за да стане побрашнесто.
Во оваа смеса потоа додадете го пецивото и наросете малку цимет па убаво измешајте.
Вториот дел од постапката е подготовка на течниот дел кој исто така се подготвува во бледнер. Јас користев рачен, но може било каков. Ставете ги сувите сливи и брусници, медот, путерот од лешник, кокосовото млеко, јајцето и сокот од портокал и убаво избледнирајте ги.
На крај двете смеси соединете ги. Потребно е да добиете густа смеса која ќе може да се обликува во точиња. Доколку сместа е ретка додаде малку овесни снегулки, а ако е многу густа додадете уште малку сок од портокал или кокосово млеко.
Направете топчиња и потиснете ги одозгора за да се направат како колачиња.
Печете ги 12-15 минути на 160˚С и потоа уште 15-тина минути на 120-130˚C.
Одозгора можете да им ставите стопено чоколадно, но и без се секако одлични.

Совршени е за појадок заедно со овошје или пак како здрава ужинка во било кој дел од денот.
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.