Долгото седење е една од главните причини за појава на многу заболувања и здравствени проблеми кај луѓето. Тоа најчесто предизвикува проблеми со мускуло-скелетниот систем, но и проблеми со натрупување масти во телото и во крвните садови кои можат да предизвикаат низа други здравствени проблеми.
Исто така долгото седење може да биде причина за појава на упорни хемороиди, констипација и сл.
Можеби ќе ве интересира: 7 намирници против констипација
Сите сме свесни дека физичката активност ги анулира до некој степен ефектите од постојаното седење, но дали сте се запрашале колку физичка активност е доволно за во целост да ги анулираме ефектите од седењето?
Истражувачки тим направил анализа на еден милион луѓе на возраст од 45 години во Западна Европа, САД и Австралија. Истражувачите користеле и докази од претходна литература од други 16 студии, се со цел да добијат што е можно поточни и порепрезентативни резултати.
Тие дошле до математичка формула со која пресметале колку секоја индивидуа во просек треба да биде активна на дневна база.
Дошле до заклучок дека луѓето кои имаат типичен осумчасовен работен ден во кои работат, треба да поминат најмалку еден час дневно во движење/активност, а за оние кои работат по шест часа, се доволни и 30 минути активност.

Ова истражување исто така покажало дека активноста не мора да биде многу интензива, доволно е и енергично пешачење кое може да се направи и на рати :), полoвина час наутро и половина час навечер.
Во заклучокот на студијата стои дека умерена физичка активност од 60-75 минути на ден ги елиминира штетните ефекти и негативните последици кои ги има прекумерното седење врз нашето здравје.
Целата студија, прочитајте ја тука.
Можеби ќе ве интересира:
Како физичката активност го подобрува целокупното здравје?
Како физичката активност влијае на менталното здравје?
Како да го направите здравиот начин на исхрана и вежбањето животен стил (20 основни правила)








