Летен овошен колач

Споделете со пријателите

Летото е за слатки овошни освежувања, а овој десерт е баш таков, доволно кремаст, сочен и неодоливо вкусен.

Потребни состојки:

за кората:

  • 2 јајца
  • 2 лажици мед или агаве нектар
  • 1 лажичка пециво
  • 6 лажици интегрално пченично брашно
  • малку ванила
  • малку цимет
  • 2 лажици маслиново масло

ванила фил:

  • 750 ml овесно млеко (може било какво друго млеко)
  • 2 пудинзи од ванила (ја го користев био пудингот од ДМ)
  • 3 лажици мед или агаве нектар
  • 2 лажици кокосово масло

овошен фил:

  • 5 некатирни
  • 1 лажица мед или агаве нектар
  • 1 лажица желатин + 3-4 лажици вода

Начин на подготовка:

Подготовката на кората е на многу стандарден начин. 

Јајцата и медот изматете ги со миксер, потоа додадете го маслото и полека додавајте го брашното заедно со пецивото, мешајте на помала брзина. На крај додадете малку цимет и ванила по желба. Печете ја кората на 180˚С околу 10-15 минути. Следете го печењето затоа што ако ви е јака рерната може да биде и побрзо.

Јас користев плех со страничен обрач кој се вади со дијаметар 24 cm.

За подготовка на ванила филот сварете го пудингот на стандарден начин. Од 750-те ml овесно млеко јас извадив 100 ml во кои ги измешав двата пудинзи и медот. Остатокот од млекото го загреав на оган и кога веќе беше пред вриење ја додадов смесата со пудинзите, мешав додека целосно не се згусна и на крај кога тргнав од оган додадов 2 лажици кокосово масло.

Пред да го истурам ванила филот на кората самата кора ја премачкав со 1 лажица мед, ако сакате кората да биде помека можете да ставите врз неа малку од овесното млеко.

За подготовка на последниот фил нектарините и медот ги ставив во блендер и добив убава каша. Во друг мал сад го ставив желатинот и водата и почекав да се активира (треба да стане како желе). Во сад на оган полека ги загреав некатирните, но не многу треба да се затоплат малку за да може да се раствори активираниот желатин.

На крај истурете го овошниот фил врз ванила филот.

Внимавајте пред да го истурите овошниот фил ванила филот треба да е изладен и затегнат зошто во спротивно ќе се измешаат.

На крај декорирав со карамелизиран кокосов чипс.

Колачот или тортата, викајте го како сакате беше фанстастичен. Идеален за лето 😊

Чувајте си го во обичниот фрижидер, нема потреба во замрзнувач.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *