Лесен, брз и здрав новогодишен рецепт од кујната на Елена.

Потребни состојки:
- 2 јајца
- 100 g овесно брашно
- 100 g интегрално брашно
- 80 g пире тиква
- 20 г мед
- 1/2 чаша сок од портокал
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 кесичка суво грозје, цимет, ѓумбир.
Начин на подготовка:
Измешајте ги заедно овесното, интегралното брашно и пецивото, а потоа во садот додадете ги останатите состојки. Ако користите силиконски калапи за печење не додавајте масло, во спротивно можете да додадете малку.
Печете во загреана рерна на 180˚С околу 25-30 минути.
Декорирајте ги по желба и израдувајте ги најблиските!









