Суви солени колачиња без брашно

Споделете со пријателите

Овие колачиња ми се паралела на кокос колаченцата и слични имав направено со урда. Рецептот тогаш го споредлив само на стори, но мислам дека заслужуваат да бидат дел од фидот и од сите убави рецепти на сајтот.

Одлични се затоа што се суви и можете да ги носите буквално секаде со вас. Идеални се и за деца над 1 година кои можат да ги држат и сами да си грицкаат (не се тврди воопшто).

Подготовката е многу лесна и вкупно ќе ви одземе 30-тина минути, добро и 10 минути плус за средување на кујната, но верувајте вреди.

Потребни состојки (за 16 колачиња):

  • 100 g бадеми непечени (мелени)
  • 100 g индиски непечени (мелени)
  • 100 g овесни снегулки (мелени)
  • 3 лажици 4 мелени семиња
  • 50 g стопен путер (може да се замени со маслиново масло)
  • 30 g сирење
  • 2 јајца
  • пециво и малку хималајска сол.

Начин на подготовка:

Начинот на подготовка е многу лесен.

Бадемите, индиските и овесните снегулки треба да бидат мелени. Можете сите заедно да ги ставите во блендер и да изблендирате. Во таа смеса додадете ја солта, пецивото и 3-те лажици 4 мелени семиња.

Во друг сад со миксер изматете ги двете јајца заедно со путерот и сирењето.

Соединете ги двете смеси заедно. На видеото можете да види како отприлика треба да биде густината. Доволно цврста да може да направите топчиња.

Ставете ги топчињата на хартија за печење и со виљушка потиснувајте ги одозгора (виљушката топете ја во вода за да не се лепи врз колачето).

Тоа е тоа, ги печете го загреана рерна на 160˚С околу 10-15 минути, следете ги затоа што многу зависи од јачината на вашата рерна. Треба да заруменат, се познава кога се готови.

Можат да се јадат самостојно или пак да се комбинираат со јогурт, со хумус, со зеленчук и маслинки, буквално со што и да сакате.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *