Посен колач со тиква

Споделете со пријателите

Иако сега не е период на тиква, ние имавме заостанато во фрижидер па решив да ја испечам и искористам некако.

Колачот излезе подобар од планираното. Ако немате тиква истото би можеле да го наравите и со пире од јаболко.

За дополнување на вкусот одозгора искористив џем од шипки и џем од смокви, наросено со малку мелени лешници.

Џемот од смокви е тој без шеќер што го правев летото.

Потребни состојки:

  • 300 g печена тиква
  • 100 ml маслиново масло
  • 3 лажици шумски мед од @fit.delights.fitlife
  • 100 ml кокосово млеко
  • малку ванила
  • 180 g брашно од хељда (може било какво)
  • 100 g овесни снегулки
  • малку цимет
  • 50 g мелени ореви
  • 50 g сува брусница.

Начин на подготовка:

Тиквата, маслото, медот, ванилата и кокосовото млеко изблендирајте ги со блендер за да добиете убава и хомогена смеса.

Во друг сад измешајте ги сувите делови: брашното, овесните снегулки, циметот, брусницата и мелените ореви.

На крај соединете ги двете смеси и смесата убаво натпакајте ја во плехче на хартија за печење.

Покријте го колачот со фолија и печете го на 180˚С околу 30-тина минути. Го покрив со фолија за да не ми изгори одозгора, затоа што сакав да се пече малку подолго за да излезе влагата.

На крај вадите од рерна, сечете на коцки и премачкувате со некој ваш омилен џем. Наместо џем може да искористите и некое од напите кремчиња од @fit.delights.fitlife. За дополнителен вкус наросете и малку мелени лешници или пак ореви.

До следно готвење!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *