Палачинки од цели зрна овес (без јајца)

Споделете со пријателите

Готвењето здрави оброци е навистина лесно и не бара ни време ни којзнае кави ресурси, единствено што бара од вас е желба и мотивација за промена.

За да ве мотивирам да ги направите овие прелесни палачинки ви ставам и видео од подготовката. Јас за среќа го имам највредниот помошник во кујна па со неа се е уште полесно 🙂

Принципот на подготовка на овие палачинки е идентичен како за киноа палачинките. Постапката на подготовка е прелесна, а добивате вкусен здрав и нутритивен оброк.

Потребни состојки:

  • 200 g цели зрна овес (киснати преку ноќ во вода)
  • 250 ml вода (доколку сакате побогат вкус, водата можете да ја замените со било какво млеко)
  • 1 лажичка пециво
  • 3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Зрната овес треба да ги ставите да се киснат во вода преку ноќ. Следниот ден ја фрлате водата во која се киснеле и ги ставате во блендер заедно со 250 ml вода, 1 лажичка пециво и 3 лажици маслиново масло. Блендирјате додека не добиете густа смеса. Ако смесата ви е многу густа додадете уште малку вода.

Печете ги палачинките на стандарден начин во добро загреано тавче што не лепи.

Овие вкусни и едноставни палачинки можете да ги јадете и во солена и во блага варијанта. И во самото тесто на почеток можете да додадете ако сакате сол или мед на пример.

Јас не додадов ништо, сакав да бидат неутрални за да имаме повеќе опции за комбинирање.

Одбравме да ги јадеме во солена верзија со домашен ајвар направен со маслиново масло (не го правев јас, туку мајка ми).

Одозгора додадов и малку сирење и наросив оригано.

Уживање за сите сетила! 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *