Зимска торта со тиква

Споделете со пријателите

Љубовта на Елена кон тиквата нема граници, па затоа еве ви уште еден прекрасен и здрав десерт со тиква од неа.

Потребни состојки:

за долниот дел:

  • едно пакување интегрални или овесни колачиња
  • 100 g мешавина од јаткасти плодови и семиња (семе од тиква, ленено семе, сусам, ореви, лешник)
  • 25 g путер
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 2 лажици мед

за горниот дел:

  • 400 g пире од тиква
  • јајце
  • 2 полни лажици кокосови трошки
  • 12/13 урми претходно киснати во вода
  • цимет, ѓумбир.

Начин на подготовка:

Најпрвин сите состојки за долниот дел сомелете ги во блендер и пробајте дали ви е доволно благо. Ако има потреба додадете 2 лажици мед. Таа смеса што ќе ја добиете треба да биде како за бомбици, ако е многу сува додајте сосема малку вода. Потоа со помош на голема лажица израмнете ја смесата во плехче.

За горниот дел најпрвин изблендирајте ги заедно урмите, пирето од тиква, циметот и ѓумбирот. Пробајте дали ви е доволно благо, ако тиквата не е блага додајте малку мед. На крај додадете го јајцето и кокосовите трошки и уште малку блендирајте.

Печете во загреана рерна 160-170˚С околу 50 минути. Следете го печењето затоа што ќе зависи од вашата рерна, потребно е одозгора да се запече и да добие малку потемна боја на краевите.

Декорирајте по желба, Елена користела портокал, калинка, јапонско јаболко, кршени ореви и кокосови трошки.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *