Путерите од јатки се калорични, но нутиртивно богати и здрави исто како што се и самите јатки. Навистина нема потреба да се грижите за калориите и мастите кои ги содржат, затоа што благодарение на тоа ќе се задоволите со мала количина (1 лажица по оброк е доволна), но имајте на ум дека таа една лажица многу ќе ја зголеми нутритивната вредност на оброкот, и ќе помогне во регулирање на апетитот. Дополнително и сите други фитоактивни компоненти кои ги содржат, придонесуваат за здравствените придобивки од јатките и од путерите од јатки.
Можеби ќе ве интересира: Табела со нутритивни вредности на најупотребуваните семиња и јаткасти плодови во исхраната
Внимателни треба да бидат луѓе со алергија. Алергијата на кикиритки за жал е многу честа во светот.
Зошто да ги вклучите путерите од јатки во секојдневното мени?
- Богат нутритивен состав
Путерите од јатки се полни со протеини, влакна и здрави масти. Тие содржат и витамин Е, Б6, фолна киселина, ниацин, магнезиум, цинк, калиум и бакар.
- Одлични се за контрола на тежината
Високата содржина на протеини, масти и влакна прави да го заситите апетитот со многу мала количина, како што е спомнато погоре, само 1 лажица. Тоа навистина може да ви помогне да јадете помалку и да внесувате помалку калории во текот на денот. Голем плус за путерите од јатки е што нема да го кренат нивото на инсулин во телото и полека ќе ја ослободуваат својата енергија, а тоа ќе ве задржи сити долго време.
- Содржат антиоксиданси
Јатките во себе содржат широка палета на витамини и минерали кои придонесуваат за антиоксидативната способност. Селенот, магнезиумот, витаминот Ц и Е, како и бројните флавоноиди, феноли, полифеноли и други супстанци работат заедно во синергија, обезбедувајќи голема антиоксидативна поддршка на организмот. Тоа е една од главните причини зошто јатките го подобруваат кардиоваскуларното здравје и штитат од канцер.
- Помагаат за контрола на холестеролот
Иако содржат масти, јатките во најголем процент содржат здрави незаситени масти или омега 3 масни киселини кои помагаат за зголемување на “добриот холестерол” во телото кој има улога на “чистач” на “лошиот холестерол” од ѕидовите на крвните садови.
- Путерите од јатки се одличен извор на магнезиум и витамин Б7
Магнезиумот е многу важен и неопходен минерал за нашето тело. Тој е пред сè значаен за правилно функционирање на нервниот систем, за здравјето на коските, за контрола на шеќерот во крвта и за одржување на крвниот притисок. Исто така јатките содржат и голема количина на витамин Б7 или биотин кој е неопходен телото да може да ја искористи енергијата од мастите, протеините и јаглехдиратите кои ги внесуваме. Исто така биотинот е значаен во одржување на нивото на шеќер во крвта, што придонесува за контрола на апетитот.
Путерите од јатки и здравјето на децата
Путер од јатки или мелени јатки е нешто што е задолжително во менито на мојата ќерка која моментално има две години. Како што спомнав погоре, јатките содржат голем процент на протеини и здрави масти кои им се неопходни на децата за правилен раст и развој, и тоа особено на мозокот. Исто така за раст и развој на децата им требаат калории, па така додавање и само на една мала лажичка путер од јатки во оброкот значи 70-80 калории плус, заедно со уште многу други биоактивни компоненти.
Треба да бидете внимателни доколку постои фамилијарна историја на алергии на храна, затоа што јатките се сепак многу алергени. Кај ќерка ми јас ги воведов јатките во исхраната кога имаше 11-12 месеци.

Како да ги користите путеретите од јатки?
Можете да ги користите и во солена и во блага варијанта.
Додадете 1 лажица
во овесната каша, намачкајте на интегрално лепче, комбинирајте ги со урми или некое свежо овошје за ужинка, можете дури и да додадете во салата наместо масло. Користете ги за подготовка на здрави десерти за ужина на цело семејство.
Ако ви фалат идеи за здрави оброци, на овој линк ќе најдете голем број од нив: FITLIFE здрави рецепти .
Секогаш кога купувате путер од јатки, задолжително читајте го составот. Ако видите дека има шеќер и некои непознати супстанци, тој путер не го купувајте. Најдобро е да побарате 100% природен путер од јатки без никакви додатоци, како и путер од микс од јатки (мешавина од кикиритки, лешници и бадеми и други).
Природен крем направен од мед, лешници и какако е совршениот оброк на кој нема да одолее ни едно дете.

Крем од комбинација на мед, лешници и какао го прави совршен од нутритевн аспект и тоа особено за деца, затоа што со 1 лажичка од кремот вие му давате на своето дете совршен баланс од нутритиенти, а дополнително и самиот вкус навистина потсеќа на нутела.









