Одлична комбинација на вкусови, освен тоа овој ролат е многу добар на изглед па може да биде супер мезе ако ви се најават гости.
Да не ви должам многу еве ги состојките подолу. Јас извадив точно 15 парчиња. Целокупната подготовка можете да ја погледнете и на видеото.
Состојки (за зелениот дел):
- 3 јајца
- 200 g спанаќ (обарен и изблендиран)
- 3 лажици маслиново масло
- малку сол
- 100 g брашно од спелта
- 1 лажичка пециво
- 15 g мелен лен
фил:
- 1 канче или 150 g грчки јогурт – може и павлака
- 1 лажичка сенф
- 100 g ренадано сирење – може да се стави и урда
- 50 g маслинки или околу 10-тина ситно исечкани
- 2 лажици мелени бадеми.
Подготовка:
Ги одделувате белките од жолчките и ги матите со миксер, потоа во пената од белки ги додавате сите други состојки и мешате со миксерот ама на најмала брзина.
Ја истурате содржината во плех на хартија за печење и ја правите во убава правоаголна форма.
Печете во загреана рерна на 170С околу 8 минути.
Извадете покријте ја со крпа и почекајте малку да се излади, во мешувреме направете си го филот.
Сите состојки во чинија измешајте ги заедно и премачкајте го зелениот дел. Замоткајте како ролат и завиткајте го ролатот со фолија.
Филот можете да си го модифицирате во зависност од вашите преференци. Бидете креативно слободно!
Оставете го во фрижидер да се излади околу 1 час и потоа насечете го на парчиња.
Превкусно е!
Од нутритивен аспект во едно парче има околу (ова е ако и вие извадите 15 парчиња како мене):
- 113 калории
- 6.5 g јаглехидрати од кои 1.2 g влакна
- 7.3 g масти од кои 1.8 g заситени
- 5.1 g протеини
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.