Многу сакам салати, значи премногу!!! На ручек не седнувам ако нема салата и тоа си го негувам дури и од детството. Се сеќавам дека еднаш се расправав со мајка ми зошто не направила салата со зелка манџа, жената ме убедуваше дека не иде салата ама мене си ми фалеше 😊
Претпоставувам дека повеќето од вас сте каснале малку повеќе за празниците па еден ваков предлог за лесна вечера ќе ви дојде супер.
Баш е low carb, се подготвува брзо и лесно и е највкусна на свет. Јас ќе си ја правам почесто дефинитивно!
Еве што ставив:
- свежа марула
- малку рукола
- ½ краставичка
- 1 црвена пиперка (не е задолжителна)
- ½ тиквица
- 5-6 шампињони
- 3-4 маслинки
- многу малку рендан пармезан
- 1 лажица мелени семиња (имам во тегличка мешавина од лен, сусам, семки од тиква и семки од сончоглед)
- малку сол
- прелив: 1 лажица сок од лимон, малку маслиново масло, 1 лажичка сенф.
Подготовка:
Тиквичката и печурките насечкајте ги на коцки и кратко запржете ги во тава што не лепи со капка маслиново масло или пак без масло.
Кога ќе омекнат печурките и тиквичката измешајте ги заедно со сите други состојки, ставете малку сол, а одозгора прелијте со преливот.
Ете толку е!
Лесно, здраво, брзо и превкусно!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.